Париз градот на светлината е познат по својата убавина, уметност и историја. Со иконични знаменитости како Ајфеловата кула и Лувр, градот зрачи со безвременски шарм и романтика. Како да се почне денот ако не со еден крцкав кроасан. Париз е полн со пекари кои ги служат овие задоволства со путер.

Од Скопје до Париз се стига со авион за околу 3 часа. Билети може да купите преку авиокомпанијата Wizzair или да ловите евтини билети преку овие сајтови: Kiwi.com, Skyscanner.net, Trip.com. Во зависност од вашиот избор можете на слетате на еден од аеродромите : Beauvais или Charles de Gaule.
Од аеродромот до центарот на градот Париз
Аеродромот Beauvais е одалечен 90км, од Париз. До центарот на градот се стига со автобус (Navette) за 1:15мин доколку нема гужва во сообраќајот. Излезете од терминалот и следете го знакот автобус (Navette). Билетот чини 16,90€ во еден правец и 29,90€ во двата. Ви препорачувам да купите преку сајтот зошто на лице место се поскапи. https://www.aeroportparisbeauvais.com/en/access-parking/paris-airport-shuttle Одберете ја линијата LINE A02-PARIS SAINT-DENIS UNIVERSITY и од тука со метро 13 стигате во центар на Авенија Елисејски полиња или LINE A03 LA DEFENSE со метро 1. Bonjour et Bienvenue à Paris! Аеродромот Charles de Gaule-Roissy е на 30км од градот. Во холот на терминалот следете го знакот воз Gare RER B-TGV. До центарот на градот можете да дојдете со автобус 350, воз RER B и такси преку апликацијата UBER. За транспорт низ градот најисплатлива варијанта е картата за туристи “Paris Visite » зона 1-5 што ви овозможува да одите до Disneyland или замокот Versailles. Paris Visite картичката може да се купи во сите станици на метро, RER и на информативни места во Париз. https://www.etsionvisitaitparis.com/paris-visite. Доколку останете само во центарот картичка од 10 метро возења е доста економична и чини 16,90€.

Мал совет за Метрото во Париз: ќе биде еден од вашите најдобри пријатели за време на вашата посета на Париз. Цената на еден билет за метро е 2,50€. Погледнете го крајот на рутата за да знаете дали сте во вистинската насока, тоа е сосема едноставно, но барем ќе бидете сигурни дека сте во вистинската насока. Ако излезете од станицата, билетот повеќе не е валиден. Овој мал совет за функционирањето важи за сите метроа (колку што знам), но за оние кои не се многу запознаени со метрото, сега сте информирани 🙂 Внимавајте на “pick pockets » Џепароши!

Неизбежни места за посета
Авенија Елисејски полињна “Avenue des Champs-Elysée » најпрестижната и најшироката авенија во Париз, долга е 2 километри. Се простира од плоштадот „Конкорд“ на исток до плоштадот „Шарл Де Гол“ на запад, каде се наоѓа Триумфалната капија. Ако сакате да ја посетите Триумфалната порта билети на www.getyourguide.com Плоштадот е исто така наречен плоштадот на ѕвездата.

Хотелот на Инвалидите « Les Invalides » Овој споменик во исто време и хоспис, касарна, манастир, болница овозможи засолниште на повредените борци од армиите на Луј XIV. Всушност, тој ја нареди неговата изградба. Наполеон го користел за истите причини. Tука почива телото на Наполеон. Посета на Музејот на Армијата билетот чини 17€. www.tiqets.com или www.getyourguide.com

Со брод по реката Сена “Bateaux Mouches » секако е меѓу работите што треба да ги видите или направите за време на престојот во Париз. Се качувате на брод за да направите голема тура и да се восхитувате, покрај Сена, повеќе од еден час, на симболичните споменици на главниот град. Ви препорачувам приквечер кога е осветлен цел град. Поаѓање на секои 30 минути помеѓу 10 часот и 22:30 часот. Билети преку: www.tiqets.com или www.getyourguide.com
Ајфелова кула » La Tour d’Eiffel » железна убавица извијана од рацете на Густав Ајфел во 1889 година-симбол на Франција. Може да се искачите со лифт до вториот кат за 23€ или преку скали за 14,50€. https://www.toureiffel.paris/fr/tarifs-horaires

Музејот Лувр и познатат Мона Лиза-мислам дека е невозможно да се посети Лувр во еден единствен ден, тоа е толку огромно! Тој е еден од најпознатите светски уметнички музеи. Кликнете овде за да добиете билет: www.getyourguide.com www.tiqets.com кој ви дава пристап на постојани колекции и привремени изложби-цена 22€. Музејот е затворен секој вторник а е бесплатен секоја прва недела во месецот.

Латинскиот кварт Но зошто Латинскиот кварт? Всушност, тоа е најстариот студентски кварт на Париз, првично го нарекуваа „Латинска земја“ затоа што студентите имаа обичај да зборуваат латински. Сместен на два чекори од Лувр, Латинскиот кварт е еден од најпријатните квартови но исто така и најстариот кварт на Париз! Започнете со плоштадот Сен Мишел-Saint Michel и неговата фонтана, потоа преминете ја улицата де ла Ушет (најтуристичкиот дел од квартот). Прошетајте се низ шармантната мала улица Галант.

Нотр-Дам де Париз Во центарот на малото островче-Ile de la Cité се наоѓа катедралата Нотр-Дам-Notre Dame. Поради пожарите, денес таа е реновира во ново руво и е отворена за посета. Туристичките бродови на Сена поминуваат пред Нотр-Дам.

Доколку времето ви дозволува прошетајте низ Градините Tuileries, Музејот Орсеј-Musée d’Orsay влезот е 16€. Музејот е затворен секој понеделник а бесплатен секоја прва недела во месецот, ја изложува најбогатата колекција на импресионистички и пост-импресионистички слики во светот. Квартот Marais, плоштадот Вож, Центарот на современа и модерна уметност Помпиду.

Монмартр-Вистинско мало село во срцето на Париз. Се стига со метро 12 станица Abbesses. Отидете на улицата де Абес, многу жива улица! Ќе најдете многу ресторани и барови. Продолжете по улицата Лепик и качете се на врвот на квартот Монмартр. Кренете ги очите, архитектурата е навистина многу убава. Ќе стигнете до улицата Норвис. Ќе најдете многу мали плоштади, барови, ресторани и уметнички продавници. Прошетајте се по малите улички, навистина е многу симпатично. Местото што мора да се види во Монмартр е Place du Tertre. Пред да се вратите надолу, мора да направите обиколка на Sacré Cœur, оттаму исто така ќе имате прекрасен поглед на Париз. Во близина е и Црвената Воденица-Moulin Rouge познатото кабаре на French cancan.

Замокот Версај-Chateau de Versailles-Официјалната резиденција на кралевите на Франција, Версајската палата и нејзините градини се меѓу најславните споменици на светското наследство.
Денешниот Версај е резултат на долга историја,кралски дворец, историски музеј, дворец на републиката… Билети можете да купите на официјалната страна на Зачокот за 21€ или на www.getyourguide.com,www.tiqets.com. До замокот се стига за 30мин со воз RER C и ќе ве чини 4,15€.

Дизниленд-Disneyland Сместен околу величествениот замок на Заспаната убавица, Disneyland® Park е составен од пет извонредни и волшебни земји, каде приказните на Disney, авантурите на Pixar, супер хероите на MARVEL и легендите на Star Wars оживуваат пред вашите очи… Билетите почнуваат од 56€ за 1 парк и од 86€ за 2 парка. Резервирајте на http://www.disneylandparis.com. До паркот се стига со воз RER A за 40мин. и чини 7,60€ во еден правец. Посветете еден ден за забава со Мике.

„Каде да се спие во Париз“. Како и да е, за оние кои веќе ми веруваат, ви препорачувам да најдете сместување во квартот Маре, Латинскиот кварт, Насион, Бастилја и околу Ла дефанс. Ќе бидете многу добро сместени за да ги посетите најважните делови од главниот град и недалеку од метро станиците. Моите резервации се преку Booking или Airbnb кој нуди исто апартмани со пристапни цени. Совет избегавајте го северниот дел од Париз.
Моето патување заврши во март 2023 се надевам дека ви се допадна и дека ќе ви помогне да го подобрите вашиот престој во Франција. Доволно е да ги лоцирате местата во вашата апликација Maps.me или Maps и да се препуштете на патувањето, да уживајте во француските вкусови и споделите вашите совети за Париз. Au revoir 🙂