Мароко, портата на Африка кон Европа, располага со разновидни пејзажи и богата историја. Тоа е фасцинантна земја каде живеат пријателски расположени луѓе и гостопримливи домаќини кои ќе ве поканат на шолја чај од нане.
Градовите како Маракеш, Фес, Казабланка, Есауира во окер, бела и црвена боја ќе ве плени со своите импресивни архитектури, автентичности и префинетости.

Како да стигнете до Мароко
Од Скопје до Мароко нема дирекна линија. Најпристапна и евтина понуда што најдов е со Wizzair од Скопје преку Рим-FCO до Маракеш, а враќање Маракеш- Лион со Easy jet и Лион до Скопје со Wizzair. Исто така може да ловите билети преку овие сајтови: Kiwi.com, Skyscanner.net, Trip.com.
За престој во Кралството Мароко ви е потребна e-виза. Се вади преку сајтот на Министерството за надворешни работи и ја добивате преку e-mail за три работни дена. Потребно ви е пасош, слика, извод од банка и лична карта. Цената е 770МАД или 72€.(Податоците се од информативен карактер и подлежат на промени)
https://www.acces-maroc.ma/#/e-visa


Добредојдовте « Merhba » (مرحبا)! Кога ќе ја поминете пасошката контрола упатете се кон излезот и од десна страна има Такси трафика каде се порачуваат возила. Цената е фиксна и немате изненадувања 🙂 Со сметкопотврдата упатете се кон паркингот со жолти такси возила. Таксито чини од 70МАД или 7€ па нагоре во зависност дали ќе ве остави во стариот или новиот дел од градот. Храната, превозот и ескурзиите се со пристапни цени за нијанса поевтино од кај нас. Но на некои потуристички места и се повисоки. Основно правило во Мароко е ценкањето… Се плаќа со картичка,евра и марокански дирами. Лугето зборуваат на арабски, француски, берберски и англиски. Основно правило во Мароко е ценкањето…
Што да посетите:
Маракеш – Овој град во окер и црвена боја бескрајно ќе ве заведе со својата шарена атмосфера, својата автентичност и својата префинетост. Најдобар период да се посети градот е на пролет и на есен. Маракеш е поделен на два дела Медина (утврдениот град) опкружен со бедеми (ова е убедливо најинтересниот!)Новиот град со Гуелиз и областа Хивернаж (ова е делот надвор од бедемите) Медина лесно се истражува пеш. Нема потреба да се зема такси, затоа слободно шетајте низ сокаците.
Палата Баија – Palais Bahia оваа прекрасна палата ве чека со своите миризливи градини, вајани порти, извонредно украсени дворови и ријад. Најдобро е да дојдете попладне, бидејќи утрата се попрометни со туристички автобуси.

Кулата Кутубија – Сместена на влезот во Медина, џамијата Кутубија е најголемата џамија во Маракеш, со минаре кое се издига 70 метри. Кулата е во мавритански стил.

Саадијанските гробници Изградени во 16 век и откриени во 1917 година, тие се импресивни со своите куполи од кедрово дрво и мермерни столбови.

Градината Мажорел и куќата на Ив Сен Лоран датира од 1967 година, кога Ив Сен Лоран дошол да се насели таму и ја купил извонредната градина создадена од Жак Мажорел, со нејзината извонредна сина боја. Оваа посета е навистина прекрасно искуство, момент на грациозност и свежина. Резервирајте билети преку сајтот https://www.jardinmajorelle.com/en/

Плоштад Џемаа ел-Фна-Познат и како Џамаа Алфна или Џемаа ел-Фна, овој плоштад е симболичното срце на Маракеш. Планини од портокали, традиционални јадења, тетоважи, , раскажувачи, шармерки на змии, дресери на мајмуни, берберски музичари... Тоа е место за состаноци, и дури и ако е малку премногу туристичко за некои, не е важно: вреди! За време на зајдисонце, не двоумете се да го посетите плоштадот Џемаа ел-Фна и да се напиете во еден од многуте барови на покривот околу плоштадот, и да уживате во погледот! Подгответе се за чувство на „Илјада и една ноќ“!


Во Маракеш многубројни се агенциите што нудат еднодневни екскурзии на планината Атлас, прошетка со камили и АТВ низ пустината Агафај со традиционална вечера и танц, долината Урика, водопадите Узуд, берберските села, Есауира на атланскиот брег… не се двоумете да прошетате или резервирајте на https://www.getyourguide.com/marrakech од 13 евра па нагоре уживајте во екскурзиите.
Мароканска кујна е вистинско кулинарско патување со најпознатиот Кускус со зеленчук, месо и тестенини, Тажин – специјалитети готвени во земјени тави, марокански палачинки како и нивните слатки со бадеми и урми познати какао « рогови од газела »… и се разбира чај од ментол…



Јуни 2025