Дали сакате да го посетите Мадрид? Го барате она што апсолутно мора да го видите за време на вашиот престој во Мадрид? Дали знаете каде да спиете или како да стигнете до центарот на градот од аеродромот? Во оваа статија ви кажувам сè што треба да знаете за да го откриете величествениот град Мадрид.
Од Скопје до Мадрид нема дирекна линија. Се патува од Тирана или Софија преку компанијата Wizzair или може да ловите ефтини билети преку овие сајтови: Kiwi.com, Skyscanner.net, Trip.com. Како најевтина опција ја избрав преку Тирана. Летот трае околу 3:30 часа. Летови ича и до 4 пати неделно. До Тирана се стига со автобус од Скопје или сопствен превоз. Аеродромот е мал но околу него има безброј паркинзи за долг престој. Решив да одам со сопствен превоз и го избрав Parking Hotel Tirana за паркирање 3€ на ден. Пеш од тука до терминалот сте за 5мин.

Од аеродромот до центарот на градот Мадрид
Hola! Кога ќе излезете од Терминалот 2 подгответе се за пешачење до метрото. Следете го знакот во форма ромб-црвена баклава метро број 8 (розева линија) до станицата Nuevos Ministerios. Билетот чини 1,50€+3€ додаток од/до аеродром. Жолтите автобусите тргнуваат на секои 15 минути од терминалите 1, 2 и 4 и опслужуваат 3 постојки; О'Донел (агол на улицата Доктор Ескердо), Плаза де Сибелес и станицата Аточа. Билетот може да се купи директно во автобус. Со такси од аеродромот до центарот чини од 40 евра, поевтина варијанта е автомобил управуван од шофер (VTC). Резервирајте преку апликацијата Bolt.

Madrid City Card е новата официјална туристичка картичка на Мадрид, која нуди активности, поволности и попусти во главните туристички, културни и рекреативни атракции на градот. Се купува преку сајтот https://www.esmadrid.com/ 22.50€ за 3 дена возење. Друга опција е билет од 10 возења за 6,10€+3€ додаток до аеродром. Се купуваат на автоматите на сите метро станици. Јас ја избрав втората опција зошто уживам да пешачам.

Неизбежни места за посета
Како прво, треба да знаете дека е релативно лесно да го посетите Мадрид пешки. Мадрид е град во човечки размери и за да се стигне до Кралската палата од музејот Прадо на пример, потребни се 25мин пеш. Она што не привлекува во Мадрид е пред се неговата „шпанска“ атмосфера, неговиот шарм и убавината на неговите згради, а да не ги спомнуваме многуте можни посети на локации/музеи/палати. Многу е пријатно да се шета низ Мадрид, архитектурата е навистина убава во споредба со многу други шпански градови, плус има топла и автентична атмосфера. Мадрид е идеална дестинација за викенд без разлика дали сте во пар, со семејството или со пријателите, ќе ви се допадне да го откриете!

Пуерта дел Сол-Puerta del Sol е еден од амблемите на Мадрид. Плоштадот Сонце е многу прометно место за состаноци на Мадриленците и мора да го посетат сите туристи, тоа е местото каде што се спојуваат неколку историски и најпрометни улици во градот. Во центарот на сегашната фонтана на плоштадот се наоѓа коњичката статуа на Чарлс III, кралот кој го модернизира Мадрид во 18 век со низа подобрувања на градската инфраструктура. Ќе најдете многу барови (шпански или современи) но и ресторани каде што ќе ги вкусите типичните јадења од регионот. Тablao la carmela-нуди многу убави фламенко претстави со прекрасен декор и атмосфера.

Plaza del Mayor-Плоштадот Мајор е симболично место, опкружено со историски градби со аркади. Изграден е во 17 век и бил домаќин на многу настани, од борби со бикови до пазари. Во центарот на плоштадот стои статуата на Филип III поранешен крал на Шпанија. Денес тоа е атрактивно место, совршено за одмор во кафуле или за истражување на локалните продавници.

Пазар Сан Мигел-Mercado de San Miguel се наоѓа на 150м од плоштадот Мајор.
Неговото потекло датира од средниот век кога веќе постоел пазар на отворено во областа. Денес таму ќе најдете неколку тапас барови и продажни производи по избор. Она што е многу убаво е што можете да ги вкусите производите директно внатре во пазарот. Еве каде ви препорачувам да јадете или да појадувате, ќе ви се допадне атмосферата таму!

Кралската палата-El Palacio Real на 500м од Пазарот Сан Мигел се наоѓа
Кралската палата. Изградена е во 17 век во антички италијански барокен стил Alcazar de la Austrias, таа е една од најубавите палати во Европа. Можете да ги посетите и градините Сабатини и Кампо Дел Моро, кои исто така се дел од палатата. Има многу соби, од кои најпознати се: Салата на Халбердијците, Салата на огледалата, Салата на колоните и спалната соба на кралот Чарлс III. Таму се изложени слики од сликарите Гоја, Веласкез... Кралската палата е едноставно величествена! Дозволете си 1:30ч за оваа посета и појдете во попладневните часови ќе ја избегнете гужвата. Земете билети однапред на https://tickets.patrimonionacional.es/ цена 24€.

Катедралата Алмудена–Catedral de la Almudena
Веднаш до Кралската палата во Мадрид ја имате прекрасната катедрала Алмудена. Со ентериер во готски стил и класицистичка надворешност, овој храм посветен на заштитникот на Мадрид се наоѓа на едно од најубавите места во градот. Оваа катедрала беше осветена од папата Јован Павле II во 1993 година. Влез: 1 € (практично бесплатен, затоа не пропуштајте ја!!!) За информации, миса се одржува од понеделник до сабота во 12 часот, 18 часот и 19 часот.
Плоштадот Еспања-Plaza Espana и Teatro Real Од кралска палата поминете покрај Театарот-Опера и продолжете кон плоштадот Еспања. Плоштадот е опкружен со истакнати згради и е популарно место за прошетки и одмор. Тука се наоѓаат споменикот на Сервантес, во чест на авторот на Дон Кихот, како и високите згради Торе де Мадрид и Едифисио Еспања.

Уметничкиот центар Реина Софија-El Museo Reina Sofía
Отворен во 1990 година, овој музеј содржи важна колекција на шпанска и меѓународна уметност од крајот на 19 век до денес. Билет чини 12€ https://www.museoreinasofia.es/ Центарот е отворен од 10 до 21 часот а Недела од 10 до 14:30 часот. БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ од 19 до 21 часот а недела од 12:30 до 14:30 часот. Вторник е затворен. Се стига со метро 1 (сина линија) станица Estation del arte.

Музејот Прадо-Museo Nacional Del Prado
Овој музеј е отворен во 1819 година и е еден од најголемите музеи во светот кој прикажува сликовни дела. Во него се прикажани европски слики од 14 век до почетокот на 19 век. Вклучува дела од познатите Диего Веласкез, Франциско Гоја и Хиеронимус Бош. Музејот исто така презентира околу 6.400 цртежи и 3.000 отпечатоци. /!\ Бесплатно за под 18 години, а во текот на неделата, бесплатно 2 часа пред затворање, т.е. од 18 до 20 часот. Билети има од 15€ и 24€ https://entradas.museodelprado.es/ Посетете го во попладневните часови да ја избегнете гужвата. Метро 10 станица Banco de Espana. Отворен е од 10 до 20 часот.

Поморскиот музеј-Museo Naval обединува збирки од историјата на шпанската морнарица и исто така нуди панорамска обиколка на морнариците на другите земји. Внатре е важна етнографска збирка, изложена хронолошки од времето на католичките монарси до денес, а која се состои од нумизматика, украси, картографија, слики, наутички и научни инструменти, артилерија, подводно оружје, ракописи. Влезот е бесплатен. Не смее да се пропушти!

Градината Ретиро-Jardin del Retiro
Паркот бил развиен во текот на 1700-тите, некогаш резервиран за ексклузивна употреба на кралот, паркот сега е отворен за јавноста. Таму ќе им се восхитувате на бројните статуи, како и на армискиот музеј, салата на кралствата, па дури и на стара сала за бал. Штом пристигне убавото време, можете да дојдете и да се опуштите со импровизиран пикник: многу е пријатно, особено ако изберете добро „место“! А зошто да не и мало патување со кајче по езерото во паркот?! Па, ќе мора да бидете трпеливи бидејќи оваа активност е доста популарна, но вреди да се заобиколи!

Кралската ботаничка градина Сместена веднаш до музејот Прадо и паркот Ретиро, Кралската ботаничка градина нуди зелен амбиент токму во центарот на градот: мноштво примероци од дрвја, растенија и цвеќиња од целиот свет. Оваа градина, исто така, вклучува стаклена градина во кои се сместени егзотични.
Квартови за престој
Во Мадрид, како и во многу европски метрополи, хотелите не се евтини, но еве неколку добри совети како да ви го олеснат животот. Не заборавајте да резервирате малку однапред ако планирате да одите таму во текот на летните месеци, бидејќи Мадрид е многу туристички град, па затоа е прв дојден, прв услужен! Резервирајте преку Booking или Airbnb во еден од квартовите околу Plaza del Sol, Plaza Mayor, Lavapies. Јас престојував во Lavapies еден од најкосмополитскиот и најпопуларниот кварт. Мора да дојдете овде за да се прошетате и да дозволите да ве понесе шармот на оваа ултра жива населба, а зошто да не дојдете да јадете во некој сенегалски, турски или кинески ресторани. Тоа е исто така позната по својата улична уметност!

Мадрид никогаш не запира! И Мадриленците уживаат во ноќта и верувајте нема да имате проблем да најдете тапас бар со добра атмосфера во Мадрид. Дегустирајте Тапас-топли или ладни закуски, Паела-Paella тава ориз со школки и ракчиња налиено со добра Сангриа-Sangria (аперитив од вино со овошје и зачини) и непропуштајте сушена пршута- El Jamon Iberico...

Толедо-Toledo- бидејќи Мадрид е мала метропола му посветив едно попладне на градот Толедо. Се наоѓа на 70 километри јужно од Мадрид. Некогаш бил главен град на Шпанското Царство и на Визиготското Царство и местото каде што биле застапени христијанската, еврејската и арапската култура. Се стига со воз. Билети земав преку сајтот на шпанската железница https://www.renfe.com/ 22,20€ во два правци. Се трга од станицата Аточа (Atocha метро 1 ) на секој 30мин. Кога ќе стигнете во Толедо од станицата до центарот се оди пеш 15мин. Друга опција е да резервирате тура преку www.getyourguide.com

Доколку времето ви дозволува прошетајте покрај Храмот на Дебод, Арената за борба со бикови Лас Вентас и Стадионот Бернабеу сопственик на Реал Мадрид.
Мојата статија за Мадрид е завршена, се надевам дека ви се допадна и дека ќе ви помогне да го подобрите вашиот престој во шпанската престолнина. Доволно е да ги лоцирате местата во вашата апликација Maps.me или Maps и препуштете се на патувањето. Hasta Luego :-)
Април 2024