На Малта има многу да се понуди, со своите богати историски и културни атракции, прекрасни плажи и живописни места. Главниот град Валета е светско наследство на УНЕСКО и е познат по своите барокни згради, фортификации и бројни музеи. Тука се и островите Гозо и Комино, кои се идеални за релаксација и истражување.
За да ја започнеме нашата посета на Малта, еве план кој ќе ви даде преглед на местата што мора да ги видите на островот Малта. Комино и Гозо, се двата други острови на Малтешкиот архипелаг.

Од Скопје до Малта се стига со авион за околу 1:45 часа. Билети може да купите преку авиокомпанијата Wizzair кои летаат и до 3 пати неделно. Aеродромот e одалечен нешто помалку од 10 километри од Валета. Ќе ви требаат околу дваесет минути со автомобил, 30 минути со автобус (поаѓање на секои десет минути) до центар.
Од аеродромот до центарот на градот Валета
Пред да излезете од аеродромот упатете се кон шалтерите на Tallinja побарајте карта Explore Card за 7 дена 21€. Ова е најекономичната опција. Билет се купува во автобус и чини 2€ (за 2 саати возење). Постојат четири директни автобуски линии кои го опслужуваат аеродромот во Малта: X1, X2, X3 и X4. Секој од нив го поврзува аеродромот со дел од островот Малта. Ве советувам да ги погледнете маршутите на секоја од линиите. https://www.publictransport.com.mt/en/timetables. Доколку не планирате да користите јавен превоз, изберете Автомобили со шофер VTC наместо такси, цените ќе бидат пониски, а удобноста поголема. На островот постојат три опции за резервација на автомобил управуван од шофер (VTC): Bolt, Uber и eCabs. Јас го користев Bolt. Симнете ја апликацијата преку вашиот мобилен кога ќе ве лоцира дадете насока каде сакате да одите и одма ќе ви понуди шофер и ќе ви даде точна цена на патување (до Валета е од 13€). Пред аеродромот стојат Малтешки такси компании-бели коли за нијанса се поскапи од VTC. Друга опција за посетување на островот е да изнајмите кола но внимавајте се вози на лево.


Неизбежни места за посета
Валета-Valleta Главниот град на островот Малта (6.000 жители, леле!) комбинирана со мирни улици и импозантни тврдини чии камења дифузираат мека златна светлина. На секој агол од улицата, евидентно е нејзиното повеќекратно наследство. Контролирана од Римската империја, освоена од Арапите, окупирана од Французите, а потоа припоена од Британската империја, Малта е фасцинантен културен коктел а малтешаните сè уште ги носат нејзините траги. Најпосетувани места се катедралата Свети Јован, позната по неверојатниот ентериер и слики од Караваџо. Палатата на големите мајстори–Grand Master’s Palace Изграден од малтешкиот архитект Џироламо Касар во 1572 година, влегувате во секојдневниот живот на малтешкиот политички живот. Во палатата се сместени Комората на пратеници, канцеларијата на претседателот на Република Малта. Во десното крило, музејот на средновековни оружја и оклопи не потсетува колку мора да било тешко да се води војна со толку килограми метал на рамениците… Шармот и сенката на градината, време за пауза пред да продолжите со вашата прошетка во Валета…Билети на www.heritagemalta.mt На 100 метри од плоштадот Свети Ѓорѓи се наоѓа La Casa Rocca Piccola… Влегувате во имотот на семејството Маркиз Де Пиро. Прекрасна резиденција и единствената палата во Валета населена со приватни лица. Со 50 соби главно отворени за јавноста и нејзините приватни колекции, патувате низ 400 години од историјата на Валета. Тунелите изградени под Casa Rocca Piccola служеле како засолништа за воздушни напади за време на Втората светска војна… Прекрасна мала внатрешна градина. Градините на Горна Барака Седнете во градините Горна Барака: местото што го сакаат сите Малтажани! Нејзините клупи и добро одржувани цветни леи нудат едноставно прекрасна панорама на Трите градови-Three Cities и Големото пристаниште!

Waterfront Водениот брег некогаш се користел за чамци и простор за истовар под редот на витезите на Свети Јован од Ерусалим.
Повторно развиен, Waterfront денес е место за културни настани во Валета со прекрасните тераси за кафулиња и ресторани. Од ова место ќе размислувате за гигантизмот на бродовите за крстарење кои застануваат во Валета.
Совет: Користете го големиот лифт лоциран во градините Горна Барака за да стигнете до платформите.

Fort Saint-Elme Сместен на врвот на полуостровот Валета, Тврдината Сент Елмо е импресивен бастион што ја раскажува приказната за воената историја на Малта. Изградена во 1552 година, тврдината одигра клучна улога во Големата опсада на Малта во 1565 година. Денес, во неа се наоѓа Националниот воен музеј, каде што можете да истражувате експонати за воената историја на Малта, од витезите на Свети Јован до Втората светска војна. Панорамските погледи на Големото пристаниште и Средоземното Море го одземаат здивот. Предвидете околу 2 часа да го истражите овој историски локалитет. Археолошкиот музеј и Театарот Маноел препорачувам да се посетат.
Трите града-Three Cities Валета и Трите града се навистина задолжителни места на островот Малта. Имате прекрасен поглед на целата област од тврдините со поглед на пристаништето. Трите града се Коспикуа, Сенглеа и Виториоза. Сè можете да направите пеш и не двоумете се да се изгубите по сокаците. Виториоза е најинтересна. Достапно и со автобус, ова поранешно прво упориште на витезите е вистински лавиринт од тесни улички со медитерански ноти, каде што ќе најдете раскошни витешки гостилници и Палатата на инквизиторот, многу барокна зграда. Многу чекори, мирен живот каде старите луѓе се среќаваат да разговараат на клупа… Го обожавам! Застанете на плоштадот Виториоза или скриениот двор на BeBirgu. До Трите градови можете да стигнете со траект за петнаесет минути и чини 2€ https://www.vallettaferryservices.com или со автобус број 1 2 3 4 од Валета.
Imdina-помалку од еден час со автобус (51-52-53) од Валета, Мдина е поранешниот главен град на Малта, неверојатен средновековен град со ѕидини со барокна катедрала и позлатени палати. Познат е како « Тивкиот град » поради својата мирна атмосфера. Препорачувам да прошеташ низ уличките и да ги посетиш Катедралата Свети Павле и Музејот на Мдина за вистинско историско искуство.

Rabat-малку подалеку од Мдина (1 час со автобус од Валета) Рабат вреди да се застане за катакомбите на Свети Павле и Света Агата каде што биле погребани првите малтешки христијани на местото на античките феникиски гробници. Тие биле користени и од христијаните за тајно да се состануваат и да избегаат од прогонство.

Marsaxlokk-Марсакслок (пристаништето на југоисток) Најкарактеристичната слика на ова место се несомнено чамците на Марсакслок, мали шарени чамци кои го украсуваат пристаништето и му даваат на ова село уникатен шарм. Одејќи по кејот, многу е вообичаено да се видат локални рибари како ги отплеткуваат мрежите, ги поправаат чамците или ги мијат рибите. Малта во својата најчиста форма! Секоја недела имате огромен рибен пазар. Со автобус 81 се стига за околу 30мин.

На 45 минути пешачење од малото село Марсакслок го имате природниот базен Свети Петар. Тоа е совршено место за пливање, водата е чиста, има многу мали риби, накратко, ако можете да одите таму, нема да бидете разочарани.

Sliema Сместено веднаш до Валета, Слиема е омилено место за пешачење, најживописниот крајбрежен град на Малта. Туристички град од 19 век, треба да се искачите до височините на Слиема за да ја откриете неговата вистинска душа, продавници од друго време, скриени градини, локален живот обележан со автентичност.
San Giljan-Сан Гилјан дестинација за ноќни забави. Искрено, тешко ми е да видам друг интерес за него освен баровите и клубовите, кои се многубројни, многу живи и кои понекогаш ги посетуваат познати диџеи и познати личности. Упатете се кон Paceville на дива ноќ надвор.
Селото Попај, познато и како селото Sweetheaven е многу повеќе од само туристичка атракција на Малта. Изградено во 1979 година како сет за филмот „Попај“ со Робин Вилијамс во главната улога, ова село е зачувано и претворено во семејно место за забава. Откако ќе поминете низ неговите врати, ќе бидете префрлени во свет каде што Морнарот Попај и неговите пријатели срдечно ве пречекуваат. Попај селото е отворен секој ден во годината од 9:30 до 18 часот. Билети на https://popeyemalta.com/ За да стигнете до селото првен треба да дојдете до Mellieha Bay или Cirkewwa со автобус 42, 222, Х1 и од тука со автобус 101.

Посетете го островот Комино
Комино, тоа е вистински мал рај помеѓу лагуна и диви пејзажи без автомобили. Островот Комино е многу помал од неговите две други сестри, Малта и Гозо. Тоа е совршен остров за капење, ќе најдете фини песочни плажи, пливање со риби… За тоа е идеално место. Ова е местото каде што се наоѓа Сината лагуна, но подобро е да пристигнете рано наутро, или да се одлучите за заливот Санта Марија и заливот Сан Никлав, две други плажи со ситен песок на север со помирна атмосфера. Бидејќи ќе видите дека е преплавен со туристи, за жал…/!\ Одете рано бидејќи од 12:30 до крајот на денот пристигнуваат големите бродови кои доаѓаат од Валета и тогаш станува навистина пеколно. Резервирајте ескурзија преку https://www.tiqets.com/en/malta-attractions или на кејот Слиема наредени се повеке агенции што нудат ескурзии. Цена 35€. Друга опција е да стигнете до терминалот Cirkewwa Ferry и од тука има чамци што пловат до Плава лагуна и Пештерите за 15€.

Гозо Островот е околу четири пати помал од неговата голема сестра Малта, но е многу позелен и има помирна атмосфера. Ќе најдете неколку живописни мали села расфрлани низ ридовите.На островот има две главни одморалишта, Xlendi и Marsalforn. Токму во овие две станици ќе најдете неколку ресторани, барови и хотели. Со траект од Cirkewwa стигнуваме во Мгар за 5€. На островот ви се достапни две главни активности: возење со ATV кој ви овозможува да го обиколите островот и да видите што е можно повеќе, City Bus црвениот автобус и нуркање. Локалниот автобусот е практичен доколку останете повеќе денови…Рабат е главен град на Гозо.
Посетите го романтичниот град со ѕидови, искачете ја тврдината која нуди извонреден панорамски поглед со лавиринт од улички каде сè уште може да се слушнат стапките на витезите од редот на Свети Јован.

Малта има и прекрасни плажи доколку решите да го поминете летниот одмор како јас. Од крајот на мај до ноември може да се бањате на Малта. Mellieha Bay е едно од местото за одмор и релаксација. Еве уште неколку плажи како Golden Bay, Paradise Bay, Armier Bay, Little Armier… Околу Валета има карпести плажи но повеќе наликуваат на базени ископани од Римјаните.

Каде да престојувате
Најдобро е да останете во главниот град на островот Малта, односно во Валета. Затоа што ова е местото каде што има најмногу да се направи и тука повеќето од автобусите заминуваат за да го истражат островот. Тоа е град богат со историја, архитектурата и ќе имате каде да излегувате навечер. Во Слиема се наоѓа пристапен смештај околу кејот и сте во центарот на сите активности. Резервирајте преку Booking или Airbnb. На Малта се збори на англиски но ќе наслушнете и македонски :-). Бидејќи Малта е коктел од повеќе националности така и кулинарските специалитети се разновидни од мароканска, јапонска, балканска, италијанска… Вкусете добро подготвен зајак, Пастиси (вид на лиснато тесто), Каноли…

Се надевам дека ви се допадна и дека ќе ви помогне да го подобрите вашиот престој во Малта. Доволно е да ги лоцирате местата во вашата апликација Maps.me или Maps и препуштете се на патувањето и вкусовите.
Јуни 2024