Донесовте одлука да си направите задоволство и да заминете на неколку дена во еден од највеличествените градови во Европа ? Во овој напис, ќе ви помогнам да го подготвите вашиот продолжен викенд за да го посетите Берлин. Кои се местата неизбежни за посета? Која карта за транспорт (Berlin Pass) да изберете? Каде да спиете во Берлин, во кој кварт? Со вас ќе ги споделам сите добри совети што ги најдов и што интернет корисниците ги споделија...
Од Скопје до Берлин се стига со авион за околу 2:30 часа. Билети може да купите преку авиокомпанијата Wizzair или да ловите ефтини билети преку овие сајтови: Kiwi.com, Skyscanner.net, Trip.com.
Од аеродромот до центарот на градот Берлин
Аеродромот Berlin Brandenburg се наоѓа на 40 километри од центарот на Берлин. Кога ќе пристигнете, напуштете го аеродромот и упатете се кон Терминал 1 и следете го знакот што покажува воз со S-Bahn. За да стигнете до главниот град на Германија, можете да земете метро, воз, автобус X7,X71 или такси. Од моја страна го тестирав метрото. Од тука можете да го земете метрото S9 или S45 до станицата Alexander platz која е во центарот на градот. Патувањето ќе трае приближно 40 минути. Возовите заминуваат на секои 20 минути.

Од Терминалот 1 на аеродромот Berlin Brandenburg можете да ги земете и регионалните возови RE7 и RB14 до Potsdamer Platz за околу 40 минути. Фреквенцијата на возови е од 5 до 10 минути.
Цена на билетот е 4,70€ во една насока, на автоматите одберете билет за зона ABC бидејќи аеродромот се наоѓа во C-зона. (цените се индикативни и подлежат на промени). Цена на билетот за 24 часа е 12,30€.

Berlin Welcome Card – Оваа карта е најекономична (кликнете овде за да ја резервирате http://https ://www.berlin-welcomecard.de/en/ticket-configurator) ви овозможува бесплатно движење (зона ABC) и попусти од 25 до 50% за музеи, театари, атракции… Картата и брошурата со попусти ја добивате преку email. Испринтајте ја и носете ја со себе во текот на патувањето.
Квартови за престој
Ве советувам да престојувате во квартот Mitte каде што се главните музеи, каде што бродовите пловат на реката Шпре. Ќе бидете идеално сместени на оддалеченост од AlexaderPlatz и како што можете да видите, се наоѓате на раскрсницата на многу метро линии што ви овозможуваат лесно да стигнете до која било точка во градот! Хотелите не се евтини, но еве неколку одлични совети https://www.booking.com/hotel/de/am-spittelmarkt.fr.html? https://www.booking.com/hotel/de/space-night-capsule-hostel.fr.html? Многу од хотелите изнајмуваат велосипеди за 15€ на ден да го прошетате Берлин на поинаков начин.

Неизбежни места за посета
Guten Tag! Прошетката ја започнуваме од Checkpoint Charlie – Берлин беше поделен на два дела речиси 30 години до 1989 година. Контролниот пункт Чарли е познатата гранична точка меѓу двата дела на Берлин. На 50 метри го имате музејот CheckPoint Charlie богат со различни приказни за бегствата, средствата и предметите што се користат за минување под или низ ѕидот. Билетот чини 18,50€ The Wall Museum – Mauermuseum – Museum Haus am …

Нa 5мин пеш од Checkpoint се наоѓа Мемориалниот музеј на теророт. Влезот е бесплатен. Со над милион посетители „Topography of terror“ е едно од најпосетуваните места за случувањата во Берлин. На ова место беа најважните центри на националсоцијалистичкиот терор од 1933 до 1945 година: тајната полициска служба со свој „затвор“, раководството на Третиот Рајх, Службата за безбедност, а исто така и главната канцеларија за безбедност на Рајх за време на Втората светска војна.

Прошетката ја продолжуваме кон German Spy Museum кој се наоѓа на 700м. Музејот на шпионажа е еден вид патување низ времето, посетителите се наоѓаат проектирани во темните сфери на шпионажата и тајните служби, од Студената војна до денес. Изложбата содржи и некои куриозитети како што се миризливи конзерви, инфрацрвени актовки и камери за палто. Интересно и забавно. Билетот чини 13€ (25% со Berlin Welcom card). Веднаш до германскиот музеј за шпиони ќе го најдете новиот музеј на Германија, извонредна мултимедијална изложба која ќе ве води низ 2.000 години германска историја.
Продолжуваме кон Споменикот на убиените евреи еден вид на лавиринт од камења со различни големини.

Од тука се упатуваме кон Бранденбуршката капија (Brandenburg Gate) и Палатата Рајхстаг – Парламентот на Германија кој може да се посети со предходна резервација, влезот е безплатен.

Катедралата во Берлин (Berliner Dom) сместена на Островот на музеите ова е еден од најубавите споменици во Берлин. За влез, ќе ви требаат 7€. До островот се стига со метро U5 Museumsinsel. Островот на музеите во Берлин е класифициран како светско наследство на УНЕСКО, тука се сместени 5 музеи Alte Nationalgalerie , Pergamonmuseum Neues Museum Bode Museum, Altes Museum. Влезница за музеите е 24€. Ве советувам да ги посетите во попладневните часови ќе ја избегнете гужвата.

Прошетајте покрај каналот Kupfergraben. Крстарењата не се достапни од 31 октомври до 31 март. Како би било да се најдете во источна Германија во минатото време-открите го Музеј Deutsche Demokratische Republik DDR (DDR Museum: Berlin’s Interactive Museum) Влезницата е 13,50€. Продолжуваме кон Alexanderplatz и Телевизиската кула во Берлин https://tv-turm.de/ висока 368м панорамскиот кат го става целиот главен град пред вашите нозе, а ресторанот Sphere ве поканува да го посетите градот на многу посебен начин. Влезницата е 23,50€.

Една од најинтересните посети се тунелите под Берлин, 2 часа водичот ве води низ најтешкиот период на Берлинците и најпознатиот тунел 57. Јас ја одбрав турата М. Резервирајте на Berliner Unterwelten- Berliner Unterwelten се стига со метро U8 Gesundbrunnen. Влезница 20€. Кога ќе излезете од тунелот продолжете кон Меморијалот на Берлинскиот ѕид и улицата Bernauer Strasse.

Популарниот кварт Kreuzberg или мал Истамбул е мултикултурна населба. Ќе најдете барови/ресторани/клубови, но и бордели. Накратко, Kreuzberg е едно од најживите места во Берлин каде се мешаат кулинарски вкусови на Doner kebab и Wurst (кобасица). Не заборавајте да истражувате! Ќе имате неверојатен престој.
Со должина од 1316 метри, уметничката галерија на отворено на брегот на Шпре е најдолгиот континуиран дел од Берлинскиот ѕид што сè уште постои. Веднаш по уривањето на ѕидот на 9 ноември 1989 година, 118 уметници од 21 земја почнаа да ја сликаат галеријата East side. Се стига со метро U1,U3 станица Schlesisches Tor.

Музејот на евреите е значајна современа зграда со експонати кои ја следат германско-еврејската историја и споменик на холокаустот. Влезот е бесплатен. Внатре многу празни ѕидови и скалила амбиентот е темен и ладен. Интересна е салата со железни лица.

Бункерот на Фирерот Хитлер реконструиран во Берлин Berlin Story – The whole story of Berlin in a Bunker Како се роди ентузијазмот на Хитлер, како Германија се радикализира, како нацистите го водеа светот во пропаст… многу инструктивна посета. Влезот е 12€ со аудио водич. Станица Anhalter bahnhof S1,S2.

Доколку времето ви го дозволува посетете ја Палатата Шарлотенбург (Charlottenburg Palace) Од Берлин до замокот се стига со воз S3 до станицата Charlottenburg и се зима автобус број 109 до станицата Luisenplatz/Schloss Charlottenburg. Влезницата чини 19€. Посетата на градината е бесплатна.

Eве мојата статија за Берлин е завршена, се надевам дека ви се допадна и дека ќе ви помогне да го подобрите вашиот престој во германската престолнина. Доволно е да ги лоцирате местата во вашата апликација Maps.me или Maps препуштете се на патувањето. Не двоумете се да ги споделите вашите совети за Берлин.